петок, 22 мај 2026

Црни кутии во автомобилите во ЕУ од 2022: ќе ја снимаат брзината, времето на сопирање и други параметри

Објавено на

часот

Сподели

Како што сега стојат нештата, само една година ја дели Европската Унија од моментот кога сите новопроизведени возила за европскиот пазар во себе ќе мора да имаат „снимач на податоци“, таканаречена црна кутија, а од 2024 година идентичен уред ќе мора да имаат сите возила кои прв пат се регистрираат.

Станува збор за уредба која Европската Унија ја донесе во 2019 година, а со која, меѓу другото, е одлучено дека сите новопроизведени возила од мај 2022 нема да може да бидат регистрирани ниту ќе можат да добијат хомологација ако немаат уред за снимање на податоците во случај на несреќа, со помош на кој треба значително поедноставно да се реконструира како се случила сообраќајката, да се утврдат точните причини или виновници, подобро да се разбере како настанале повредите на учесниците во несреќата, а јасно е дека податоците од црните кутии би им користеле и на осигурителните компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ