„Алфа ромео има специјална позиција во автомобилскиот свет. Возачот е централната фигура, и околу него има најмал можен број екрани. Не продаваме ајпад со автомобил околу него, продаваме алфа ромео“, кажа Импарато.
Дури и во ерата на преминување на електрични автомобили, директорот на италијанската марка планира да продолжи да испорачува привлечно возење и фокус на автомобилот околу возачот, кои ги смета за клучни за успехот на оваа култна марка.
Импарато веќе донесе некои големи одлуки за Алфа. Некои од нив вклучуваат откажување од „Џорџо“ платформата со заден погон во корист на СТЛА архитектурата на Стелантис. Станува збор за платформа развиена за претстојните лимузини и кросовери на Масерати, па со неа се очекува и големо количество возачки шарм.






