Зеленски, кој во интервју за американскиот медиум Аксиос зборувал за актуелните тековни преговори, оцени дека е неправедно тоа што американскиот претседател Доналд Трамп продолжува јавно да бара од Украина, а не од Русија, отстапки за постигнување мир.
Украинскиот претседател кажа дека иако можеби е полесно за Трамп да изврши притисок врз Украина отколку врз многу поголемата Русија, начинот за создавање траен мир не е да му ја предаде победата на рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп двапати во последните денови изјави дека се чека украинскиот претседател да направи отстапки.
„Се надевам дека ова е само тактика од негова (на Трамп) страна, а не одлука“, додаде Зеленски.






