среда, 30 април 2025

Зеленски: Средбата со САД беше конструктивна, напредуваме по клучни прашања (ВИДЕО)

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека разговорите со американската делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и фокусирани на енергетскиот сектор. „Разговаравме за клучни прашања, вклучувајќи го и енергетскиот сектор“, додаде Умеров во пост на платформата Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за одбрана на Украина ја предводи делегацијата на својата земја на разговорите кои се дел од дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на тригодишната војна. Средбата на делегацијата на САД и Украина им претходеше на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за понеделник.

Состанокот следи по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот. Путин се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски постројки, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање рече дека средбата меѓу украинската и американската делегација во Саудиска Арабија била „конструктивна и корисна“ и оти е постигнат напредок за клучни прашања. „Нашиот тим работи многу конструктивно, а дискусијата беше многу корисна. Работата на делегациите продолжува“, рече Зеленски.

Слично мислење изрази и шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, Андриј Јермак, додавајќи дека разговорите биле фокусирани и корисни за постигнување на стратешки цели на Украина.

Зеленски ја повика и меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Русија за да се постигне прекин на огнот.

„Уште од 11 март постои предлог за безусловен прекин на огнот со кој би се запреле вакви напади. Но токму Русија го продолжува сето ова. Без притисок врз Русија, Москва ќе продолжи да ја омаловажува вистинската дипломатија и да уништува човечки животи“, рече Зеленски. „Што и да разговараме со нашите партнери сега, Путин треба да биде принуден да издаде вистинска наредба за запирање на нападите: оној кој ја започна оваа војна мора и да ја заврши“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ