вторник, 14 април 2026

Зеленски не би прифатил „лајт“ членство во ЕУ

Германија и Украина сакаат дополнително да ја продлабочат политичката и воената соработка и да ги подигнат своите билатерални односи на ниво на стратегиско партнерство, беше објавено по германско-украинските консултации на владино ниво денес во Берлин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со нашата поддршка за Украина, истовремено ги зајакнуваме германските и европските одбранбени капацитети и нашата индустриска база“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во рамки на состанокот меѓу претставниците на германската и украинската влада беа потпишани неколку договори за соработка во областа на одбраната и писмо за намера за помош во обновата на индустријата. Министрите за одбрана на Германија и Украина потпишаа и договори за соработка во развојот на беспилотни летала со среден и долг дострел, а Германија вети и дека ќе финансира „неколку стотици“ ракети за системите „патриот“.

Мерц објасни дека помагањето на Украина е исто така инвестиција во сопствената одбранбена способност.

„Она што го постигнуваме со оваа соработка не е само корисно за одбраната на Украина, туку е од особено значење за нас и нашата безбедност“, оцени Мерц, додавајќи дека искуствата на Украина во одбранбената војна против Русија се од голема корист за Германија и остатокот од Европа.

Германскиот канцелар уште еднаш ги поддржа аспирациите на Украина за членство во Европската Унија, но во исто време нагласи дека „двете страни се свесни“ дека процесот нема да се одвива брзо.

Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Германија за досегашната помош, но во исто време истакна дека Украина нема да биде задоволна со некаков облик на „лајт“ членство во Европската Унија и НАТО. „И на Европската Унија и на НАТО им е потребна Украина како полноправен партнер“, смета Зеленски.

Двајцата државници изразија надеж дека по заминувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан од власта Унгарија ќе го отстрани ветото од исплатата на заем во износ од 90 милијарди евра наменет од ЕУ за Украина. Мерц кажа дека Русија мора да биде свесна дека Украина ќе може да ја финансира својата одбрана на долг рок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ