Залужни во својот говор го критикуваше и членот 5 на НАТО, кој декларира дека нападот врз една членка на алијансата се смета за напад врз целата алијанса. Според него, оваа одредба не секогаш функционира ефективно во пракса, како што пренесува Киев пост.
„Балтичките земји разбираат дека не постои вистински член 5 и дека никогаш не постоел. Полска го разбира тоа, каде повремено паѓаат нашите или руски ракети. Тоа го разбира и Романија – тие едноставно молчат. Понекогаш ми се јавуваат и ми велат: „Молчи“, рече Залужни.
“There is no Article 5. I got a call from Romania asking not to mention ‘Shaheds’ falling there. They said, ‘Why did you turn on the EW, now drones are headed our way?’ I told them, shoot them down, you have 40 F-16s.”
The Baltics, Poland, and Romania understand there is no… pic.twitter.com/evR6uVSqR1
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 26, 2025
Тој, исто така, потсети на случај кога романските воени претставници изразија загриженост за ефикасноста на системите за електронско војување на Украина.
Според Залужни, романските офицери го повикале и прашале зошто се активирани системите за електронско војување, поради што руските беспилотни летала ја изгубиле ориентацијата, го смениле курсот и летале кон Романија.
„Ми се јавија од Романија и ми рекоа да не кажувам дека таму паднало беспилотно летало шахед. Потоа повторно се јавија и ми рекоа: „Зошто ги вклучивте вашите системи за електронско војување? Беспилотните летала долетаа кај нас“. Реков: „Тогаш соборете ги таму имате четириесет авиони Ф-16“, рече Залужни.
Романија во неколку наврати пронашла остатоци од руски беспилотни летала шахед по масовните напади врз украинската инфраструктура – особено пристанишните објекти. Најчесто фрагменти од беспилотни летала биле откриени долж романскиот брег на реката Дунав, во близина на границата со Украина, заклучува Киев пост.






