сабота, 15 ноември 2025

Владејачката партија во Италија сака да ги забрани бурката и никабот

Владејачката партија Браќа на Италија претстави закон со кој би се забраниле бурката и никабот на јавните места, што е дел од пошироката борба против она што го нарекуваат „културен сепаратизам“ на исламот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со мерката која ја презентираа во парламентот ја презентираа претставниците на партијата на премиерката Џорџа Мелони би се забранило носење облека што го покрива лицето на сите јавни места, во училиштата, универзитетите, продавниците и канцелариите низ целата земја.

Бурката ја покрива целата жена, од глава до пети, вклучувајќи го и превез преку лицето. Никаб е превез за лице кој има отвор за очите. Прекршителите на предложената мерка се соочуваат со казна од 300 до 3.000 евра, пренесува Ројтерс.

Во воведниот текст на законот се наведува дека целта е борбата против „религиозната радикализација и омразата мотивирана од религија“.

Првата земја што воведе таква забрана беше Франција во 2011 година. Оттогаш листата значително се прошири, на повеќе од 20 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги Австрија, Тунис, Турција, Шри Ланка и Швајцарија.

Европскиот суд за човекови права постојано ги поддржува ваквите забрани, вклучително и во 2017 година кога заклучи во случајот со Белгија дека државите имаат право да ги донесат со цел да се заштити „соживотот“ на општеството.

Некои италијански региони веќе имаат такви забрани, како што е северна Ломбардија, која во 2015 година забрани влегување со бурки или никаби во јавните институции и болниците.

Со новиот закон ќе се воведе и построг финансиски надзор на религиозните организации кои немаат формални договори со италијанската држава, што во моментов ниту една муслиманска организација го нема. Мерката предвидува нови казни, како што е онаа за тестирање на девственоста, и ги заострува казните за принудни бракови.

Браќа на Италија и коалициските партнери имаат силно мнозинство во парламентот, што значи дека мерката лесно ќе помине, но сè уште не е утврдено кога ќе се дискутира за неа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ