среда, 6 мај 2026

Зеленски пред руската парада: Го прекршија примирјето, ќе одговориме со иста мера (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија го прекршила прекинот на огнот што Киев го воведе синоќа на полноќ, додавајќи дека Украина ќе одговори со иста мера. Зеленски ја обвини Русија дека го игнорира договорот од самиот почеток и продолжува со нападите, пишува Украинска правда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По вчерашните дивјачки напади врз нашите градови и заедници – Днепар, Запорожје, Краматорск и други – руската војска продолжи со активни непријателства и терористичко гранатирање во текот на целиот ден. Изборот на Русија е јасно отфрлање на прекинот на огнот и спасувањето животи“, рече Зеленски.

„Нападите продолжуваат на сите клучни делови од фронтот, а само од почетокот на денешниот ден, руската војска веќе изврши речиси 30 напади. Само во текот на ноќта и утрото, беа регистрирани повеќе од 20 воздушни напади со над 70 воздушни бомби“, додаде тој. Зеленски извести дека до 10 часот наутро руските сили извршиле 1.820 прекршувања на примирјето, вклучувајќи бомбардирања, обиди за напади, воздушни напади и употреба на беспилотни летала.

Украина ќе дејствува во иста мерка, „земајќи ги предвид постојаните руски повици преку медиумите и социјалните мрежи за прекин на огнот за време на парадата во Москва“, рече претседателот, осврнувајќи се на прославата на Денот на победата на 9 мај.

„За секој разумен човек е очигледно дека тоталната војна и секојдневното убивање луѓе не е време за јавни „прослави“. Од денес можеме да потврдиме дека руската страна го прекршила режимот на прекин на огнот“, заклучи Зеленски.

Завчера, Зеленски објави воведување на прекин на огнот што требаше да започне синоќа на полноќ, но Русија официјално не одговори на тоа. Истиот ден, руското Министерство за одбрана еднострано прогласи „примирје“ за 8 и 9 мај и предупреди дека доколку парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај биде „нарушена“, ќе започне масовен ракетен напад врз центарот на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ