Претепувањето се случило на 6 април 2020 во затворот Санта Марија каупа ветере, северно од Наполи, а снимките од надзорните камери ги објави весникот Домани.
Содржината предизвика осуда на дек од политичката сцена, но и изрази на поддршка на чуварите.
Министерката за правосудство Марта Картабија кажа дека со тоа е „повредено достоинството на затворениците, но и униформата која секој вработен на затворот, маж и жена, треба да ја носат со гордост“ и побара темепна истрага на настаните.
Јавното обвинителство минатата година отвори истрага по поднесувањето на тужбите за насилството на затворските чувари ден по протестите кои беа предизвикани од информација за позитивен случај на ковид-19 меѓу затворениците.
[video:https://youtu.be/uflnqQD37y0 autoplay:0]52 вработени во затворот беа уапсени неделава или известени за отворање судска постапка против нив под сомнеж за мачење, насилство и злоупотреба на овластувањата. Со истрагата се опфатени над 110 луѓе.
На снимката, која трае нешто повеќе од 6 минути, од материјал од надзорните камери поставени во ходниците и на скалите на затворот, може да се видат десетици чувари, дел од нив со шлемови и штитови, како безмилосно ги тепаат затворениците.
Од смс пораките кои ги разменувале чуварите се гледа дека акцијата во која учествувале повеќе од 280 припадници на затворската полиција била планирана како одмазда.






