Тоа е најголема заплена на кокаин во годинава, кажа во изјавата до медиумите министерот за одбрана Диего Молано.
Дрогата се наоѓала во две лаборатории на Националната ослободителна војска (ЕЛН) во село во департманот Нарино, кој се граничи со Еквадор, и е преземена во заедничка операција на војската, полицијата и авијацијата.
„Десет тони – тоа значи повеќе од 300 милиони долари кои можела да ги заработи ЕЛМ, групата што ги контролирала овие две лаборатории“, рече Молано.
Од канцеларијата на обвинителот е наведено дека дрогата била складирана за да биде пратена во централна Америка, еден од најчесто користените патишта за илегална трговија со дрога кон САД, главниот светски потрошувач на колумбискиот кокаин.
По половина век војна против трговијата со дрога и покрај поддршката на САД, Колумбија и понатаму е главен производител на кокаин во светот.






