Предлогот за гласање недоверба на владата го поднесоа Алијансата за обединување на Романија (АУР), крајно десничарска популистичка партија, и Социјалдемократската партија (ПСД), која до неодамна беше дел од коалицијата на Болојан.
Претседателот Никушор Дан сега мора да предложи кандидат за функцијата премиер. Доколку парламентот отфрли два последователни предлози, тој може да го распушти парламентот и да распише предвремени избори.
Дан неодамна јасно стави до знаење дека нема да номинира кандидат од „антизападната“ АУР, која е втора најголема група во парламентот по ПСД.
Болојан ја предводи централно-десничарската Национална либерална партија (ПНЛ). Тој е на функцијата од јуни 2025 година. Неговата главна политичка цел беше закрепнување на јавните финансии, кои беа оставени во очајна состојба од претходната влада на ПСД.
Со зголемување на даноците и укинување на субвенциите, односно на грбот на граѓаните, Болојан успеа да го намали буџетскиот дефицит од 9,3 проценти од БДП во 2024 година на 7,9 проценти во 2025 година.






