Натписот на англиски јазик, поставен на брегот на реката која ги раздвојува Норвешка и Русија, повикува да „не се мокри во насока на Русија“ и се наоѓа веднаш до знакот кој информира дека местото е под видео надзор на норвешката погранична служба.
„Известувањето сигурно го поставиле добронамерни лица за да ги предупредат луѓето во минување да не се однесуваат непримерно“, кажал еден норвешки граничат.
Напишано е дека престапот се казнува со 290 евра. Локацијата, популарна меѓу туристите, се наоѓа на брегот на реката Јакобселва, од каде лесно се гледа Русија. Норвешкиот закон пропишува дека е забрането „непримерно однесување на граница кон соседна држава или нејзините власти“.
Норвешките граничари пред неколку години привеле четири лица кои фрлале камења во насока на Русија, а минатата зима една жена која била снимена со камера добила казна од 8.000 норвешки круни за пружање рака преку границата.






