сабота, 2 мај 2026

Вулканот на Канарските Острови не престанува да еруптира, лавата голта сè повеќе куќи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лавата уништи најмалку четири куќи во селото Калехон де ла Гата. Вулканот Камбре Виеја започна да еруптира на 19 септември, уништувајќи повеќе од 800 објекти и принудувајќи евакуација на околу 6.000 луѓе од нивните домови на островот.

Ла Палма, со околу 83.000 жители, е еден од Канарските острови во Атлантикот.

Рано утринава биле забележани молњи во близина на ерупцијата. Студија објавена во 2016 година во списанието Џиофизикал рисрч летерс откри дека може да дојде до молњи за време на вулкански ерупции поради судир на честички од пепел и електричен полнеж.

Лавата од вулканот зафати 150 хектари земјоделско земјиште, од кои повеќето се користат за одгледување банани, што е една од главните култури на островот. Аеродромот во Ла Палма е затворен од четвртокот поради пепел, соопшти шпанската авиокомпанија Аена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ