сабота, 2 мај 2026

Вучиќ: Ќе барам потврда од Грција дека нема да го признае Косово

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ најави дека утре од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе бара потврда дека Грција нема да го признае Косово.

„Некои европски службеници одат во Вашингтон да бараат од Америка да изврши притисок за петте земји на ЕУ да ја признаат независноста на таканаречено Косово“, кажа српскиот претседател.

Тој објасни дека е неверојатно колку на Србија ѝ приговараат некои европски земји за соработката со Русија и Кина, а „истите тие земји кои ја критикуваат Србија не можат без гасот на Путин и имаат одлична трговска размена со Кина“.

Вучиќ утре ќе учествува на самитот Еу-Западен Балкан на Брдо кај Крањ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ