сабота, 2 мај 2026

Вучиќ: Грција нема да го признае Косово (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Она што е значајно, можевме да видиме кои земји се за брзо проширување, а кои се скептици. Се претставивме себеси на добар и пристоен начин. Имав многу разговори и она што е важно, разговарав со Киријакос Мицотакис. Грција ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет на Србија, нема да го признае Косово“, кажа Вучиќ.

Тој повтори дека без решение за Косово нема влез во Европската Унија, и истакна дека денес на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија е направен исчекор и пружена им е поголема поддршка на земјите од Западниот Балкан од таа во Софија.

Одговарајќи на прашањата на новинарите кажа дека за време на разговорите нема директно условување кон Србија за признавање на Косово. „Не на тој начин, сепак пет земји од ЕУ не го признаваат, но немам сомнеж дека решавањето на проблемот меѓу Белград и Приштина на овој или оној начин ќе биде услов за влегување на Србија во ЕУ“, истакна Вучиќ.

Тој, по разговорите со лидерите на ЕУ и од Западниот Балкан, кажа дека ќе продолжи дијалогот на Брисел меѓу Белград и Приштина, но дека првата тема мора да биде формирањето на Заедницата на српски општини.

„Нормално дека ќе го продолжиме дијалогот, само првата тема мора да биде ЗСО, како што е напишано во соопштението на ЕУ“, кажа српскиот претседател.

[video:https://youtu.be/7w-6fpxsc-4 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ