среда, 15 април 2026

Врховниот суд третпат го одби обидот за укинување на Обамакер

Објавено на

часот

Сподели

Мнозинството судии, 7 спрема 2, одлучија дека Тексас и другите држави немале законска основа да ја поднесат тужбата. Судиите не одлучувале за пошироките правни прашања покренати за време на процесот, за тоа дали една од клучните одредби на Законот за доделување на здравствената заштита е неуставна и, ако е така, дали треба да се укине остатокот од законот.

Според таа одредба, Американците се обврзуваат да купат здравствено осигурување или во спротивно да платат парична казна. Ова е третпат Врховниот суд да го зачува Обамекер од стапувањето на законот во сила во 2010 година.

Претседателот Џо Бајден рече дека одлуката на Врховниот суд е „голема победа за американскиот народ“ и дека ќе осигури дека земјата е поблизу до тоа „здравствената заштита да биде право, а не привилегија“.

Републиканците жестоко се противеа на Обамакер кога беше предложен, но не успеаја да го укинат кога ги контролираа двата дома на Конгресот. Тие исто така безуспешно се обидуваа тоа да го сторат и пред судовите.

Кога би бил укинат Обамакер, до 20 милиони Американци би го загубиле здравственото осигурување, а осигурителните компании повторно би можеле да одбиваат да ги осигуруваат граѓаните со хронични здравствени проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ