Илјадници демонстранти во Тирана бараат оставка од премиерот Еди Рама и прекин на сите работи, порачувајќи под слоганот „Албанија не е на продажба“ дека нема да се откажат додека не се исполнат нивните барања.
Протестниот марш во главниот град започна од плоштадот Скендербег кон Булеварот на националните херои и сопре пред канцеларијата на албанскиот премиер. Носејќи национални знамиња и транспаренти со пораки против владата, собраните најавија дека ќе продолжат со протестите.
🌍 The greatest scene in the world right now:
The Albanian people continue to pour into the streets, physically resisting projects to occupy their country by Kushner and Israel, and refusing to take a step back! 🇦🇱🔥
Things could spiral out of control at any moment, unless… pic.twitter.com/5wcYl7vtM8
— Middle Eastern Affairs (@OpsHQs) June 9, 2026
Протестите не се ограничени само на Тирана. Во последните денови слични собири беа организирани и во други градови низ земјата, а протестираа и Албанци што живеат во неколку европски земји.
Серија протести се предизвикани од инцидентот што се случи на 30 мај во областа Звернец. Според видеа објавени на социјалните мрежи, обезбедувачи на една приватна компанија одвлекле граѓанин, што предизвикало бунт и го почна бранот протести во Тирана.
Тврдењата дека контроверзниот проект е поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, се појавија во јавноста во последните денови.
По тој повод, премиерот Еди Рама изјави дека проектот во Звернец се спроведува во согласност со сите законски и еколошки процедури. Сепак, тој призна дека сè уште нема конечен проект, ниту пак е подготвена комплетна студија за влијанието врз животната средина.
Албанските медиуми објавија дека Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) отворило истрага за случајот Звернец, но од обвинителството сè уште нема официјално соопштение.






