сабота, 2 мај 2026

Врховен суд: Индија мора да плати 672 долари надоместок за секој починат од ковид

Објавено на

часот

Сподели

Индија пријави вкупно 449.260 смртни случаи, иако експертите велат дека бројката е многу потценета бидејќи многумина починале во оддалечената внатрешност на земјата. Експертите велат дека во големите градови како Њу Делхи, голем број не ги пријавиле починатите бидејќи во болниците снемало слободни кревети и залихи со кислород.

Подносителите на барањата поднеле жалба до Врховниот суд за националната управа за катастрофи, преку која владата обезбедува финансиска помош во природни катастрофи, како што се земјотреси, да обезбеди најмалку осум пати поголем надомест.

Во соопштението, владата се согласува од државниот фонд за катастрофи да плати минимален износ што ќе биде распределен од локалните власти.

„Сите надлежни кои се засегнати ќе дејствуваат за да помогнат во бришење на солзите на оние што страдаат од загубата на член на семејството поради ковид-19“, се вели во одлуката на Врховниот суд.

Не е познато колку држави понудиле надомест за смртта на лице кое починало од ковид-19.

Во Тајланд, човек поднел тужба против владината работна група за борба против ковид-19 и против премиерот и други владини претставници, барајќи надоместок од 134.000 долари за занемарување на должноста што била причина за смртта на неговиот брат.

Индискиот Врховен суд им нареди на државните административни органи да ги скратат бирократските постапки и да ги решат сите побарувања во рок од 30 дена по поднесувањето.

Здравствениот систем во земјата попушти под товарот на огромното зголемување на бројот на заразени во април и мај, во голема мера предизвикано од позаразната и опасна делта варијанта на вирусот, поради која, според официјалните бројки само во мај починале најмалку 170.000 луѓе.

Оттогаш, бројот на починати остро опадна, а од август, бројот на заразени се намали на околу 34,000.

Индија пријави вкупно 33,85 милиони заразени и по САД, таа е втората земја по бројот на заразени во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ