петок, 1 мај 2026

Вооружени напаѓачи убиле двајца талибанци и двајца цивили во Џалалабад

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот се повредени уште двајца цивили, изјави Мохамад Ханиф, претставник за култура во провинцијата Нангархар.

Убиени се поранешниот портпарол на Министерството за земјоделство на провинцијата Нангархар и неговиот братучед, рече Ханиф.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но групата Исламска држава, ривал на талибанците, чие главно упориште е во Нангархар, претходно ја презеде одговорноста за серија тешки напади, вклучувајќи неколку убиства во Џалалабад.

Милитантите на ИСИС сѐ почесто ги напаѓаат талибанците откако овие ја презедоа власта во Авганистан кон средината на август.

Талибанците во петокот упаднаа во скривалиште на групата Исламска држава северно од Кабул, каде што убивале и заробувале милитанти, изјави нивниот портпарол Билал Карими, без да даде точен број.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ