сабота, 2 мај 2026

Војската им точи гориво на Британците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Една петина од пумпите на југоистокот на Англија и во Лондон до утринава беа без гориво, соопшти Здружението на продавачи на нафтени деривати на мало. Во останатиот дел од земјата, бензин има на 86 отсто од пумпите.

Истото здружение истакна дека во другите делови на Британија дошло до „значително подобрување на снабдувањето“ поради „зачестените достави на гориво“.

Меѓутоа, сопствениците на бензинските пумпи предупредуваат дека и тоа ниво е далеку од нормалното снабдување и дека таа гранка на стопанството со месеци била на самиот раб на одржливото работење.

Мали и средни бизнисмени држат околу 5 илјади од 8.380 пумпи во Британија.

Војниците морале да поминат забрзана обука за точење гориво, која ја организирала компанијата Хојер.

На должност утринава стапиле 65 војници, а се очекува во следните денови да ги има 200.

[video:https://youtu.be/9jzgPDwoKJg autoplay:0]

Конзервативната влада е на удар на критики затоа што толку долго чекала во синџирот на снабдување на бензин и други нафтени деривати да ја вклучи армијата.

Сепак, истражувањата на јавното мислење покажуваат дека јавноста не ја обвинува конзервативната влада на Борис Џонсон за редовите на пумпите туку со прсто покажува во нафтените конзорциуми, обвинувајќи ги за лошите услови за работа и малите плати во секторот за набавки.

Суштината на недостигот не е во недоволното количество гориво, бидејќи рафинериите во Британија работат без застој.

Спорот е во тоа што британските возачи не сакаат да работат по сегашните цени и услови за работа, а владата, но и опозицијата, не се спремни да издадат голем број сезонски работни дозволи за странки камионџии, бидејќи целта им е да вработат домашни.

Повикувањето на војската на помош само ја истакнува решеноста на брегизтерската власт да ги натера нафтените компании да ги подобрат условите и цените за работа во секторот на набавка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ