понеделник, 4 мај 2026

Воен удар во најсиромашната држава на Африка, уапсени членови на владата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Здружените воени сили кои го држеа Хамдок во домашен притвор вршеле притисок врз него да издаде соопштение за поддршка, соопшти министерството.

[video:https://youtu.be/4r8XTmvEnfM autoplay:0]

Низ престолнината Картум денес е распоредена тешко вооружена војска и паравоени сили, со што е ограничено движењето на цивилите, додека демонстрантите кои го носеле националното знаме палеле гуми во различни делови на градот.

[video:https://youtu.be/An9urv2JvJc autoplay:0]

Војската ги уапсила повеќето членови на суданската влада и голем број лидери на провладините партии.

Телевизијата Ал хадат, со седиште во Дубаи, јави за апсење на четворица членови на влада, еден член на Суверениот совет (колективниот шеф на државата), како и неколку партиски лидери и гувернери на суданските региони.

[video:https://youtu.be/_QGudRpXA-g autoplay:0]

Министерството за информации соопшти дека војската уапсила еден цивилен член на Суверениот совет и членови на владата, и ги држи на непозната локација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ