Радио Слободна Азија (РФА) известува дека Севернокорејците мора да се воздржуваат од пиење алкохол, пазарење, па дури и смеење во тој период.
Ким Џонг Ил беше врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Џонг Ун.
Иако севернокорејската влада вообичаено одржува десетдневна жалост, оваа година тој период е продолжен на уште 24 часа за да се одбележи десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер.
Во интервју за РФА, Кореец од градот Синуи на североисточната граница изјави дека „за време на периодот на жалост не им е дозволено да пијат алкохол, да се смеат или да се занимаваат со слободни активности“.
Појасни дека многу активности се забранети, особено на самиот ден на годишнината, кога е забрането и купување намирници.
„Во минатото, многу луѓе кои беа фатени во пијана состојба за време на периодот на жалост беа уапсени и третирани како идеолошки криминалци“, рече тој.
„Беа одведени и никогаш повеќе не беа видени“.
„Дури и ако член на вашето семејство умре во периодот на жалост, не смеете да плачете“.
„Луѓето не можат ни да ги прославуваат своите родендени ако се во периодот на жалост“.
Друг извор, жител на западната покраина Јужен Хвангхае, откри дека полицијата била однапред предупредена да внимава на луѓето кои се чини дека не тагуваат.
„Тие ќе имаат посебна должност да се справат со оние кои го нарушуваат расположението на колективна жалост. Тоа е посебна должност на полицијата која трае еден месец. Слушнав дека службениците за спроведување на законот воопшто не можат да спијат“.
Северна Кореја отсекогаш се борела со недостиг на храна и економски проблеми кои кризата со коронавирусот само ги продлабочи.






