Голем број смртни случаи се регистрирани во Санкт Петербург, каде што во последните 24 часа починаа 107 лица.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека скоро 2.000 луѓе се хоспитализираат секој ден.
Околу 5,4 милиони луѓе се заразени во Русија од почетокот на епидемијата, од кои 133.280 починале.
Во таа земја, последниве недели се зголеми бројот на лицата заразени со делта-сојот на коронавирусот.






