понеделник, 4 мај 2026

Во Кина против корона целосно е вакцинирано 76 отсто од населението

Објавено на

часот

Сподели

Околу 1.068 милијарди луѓе сега се вакцинирани со потребните дози, од вкупното население од 1,412 милијарди, рече Ми на брифинг.

До 23 октомври, земјата администрирала вкупно 2,245 милијарди дози вакцина против ковид-19, покажуваат официјалните податоци.

За луѓето кои ја примиле последната доза пред најмалку шест месеци, Кина дава бустер доза, првенствено на приоритетните групи, вклучувајќи ги вработените во виталните служби, постарите лица и оние со послаб имунолошки систем.

Кина во голема мера го ограничи ширењето на заразата во повеќето области, а спорадичните локални епидемии се мали во споредба со оние во другите земји.

Сепак, Ми во неделата предупреди дека постои зголемен ризик дека најновата епидемија во Кина, која вклучува повеќе од 100 заразени за една недела во 11 покраински области, ќе се шири понатаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ