сабота, 25 април 2026

Во Кина истовремено урнати 15 облакодери за 45 секунди (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зградите биле дел од незавршениот проект Лијанг стар сити почнат уште во 2011 година. Овој проект е вреден 154 милиони долари, а често бил прекинуван и по промената на сопственоста, и по интервенција на владата не продолжил од крајот на минатата година.

Тогаш сопственичките права ги откупила една компанија, но бидејќи проектот не ги задоволувал барањата на пазарот, и било утврдено дека темелите се изложени на дождовница и не е можно да се извршат поправки, одлучено е комплексот да се урне со помош на експлозив.

[video:https://youtu.be/gn1egrjMoD8 autoplay:0]

Зоната на самата експлозија изнесувала 500.000 квадратни метри и тоа претставува најголема зона на уривање во Кина.

Евакуирани се околу 2.000 домаќинства, а во уривањето на облакодерите се користени 4,6 тони експлозив поставени на 85.000 точки во 15 згради.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ