сабота, 2 мај 2026

Во Италија падна историски дожд, соборен европскиот рекорд

Објавено на

часот

Сподели

Сателитска слика што ја покажува количината врнежи над Италија во последните 36 часа ја објави на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

„Италија … нов европски рекорд. Неверојатни 740,66 милиметри дожд за само 12 часа“, напиша Данкан.

„Италија постави нов национален рекорд за врнежи од дожд за шест часа, а потоа го собори и европскиот рекорд за период од 12 часа. Ова е сателитска снимка за последните 36 часа“, напиша метеорологот.

Во градот Росиглион, недалеку од Џенова, во понеделникот и вторникот, во период од 12 часа наврнале 741,68 мм дожд, што е речиси 60% од вкупната количина дожд што паѓа во тој град за една година.

Во период од 48 часа во Италија се регистрирани неверојатни половина милион грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ