четврток, 7 мај 2026

Во Франција откриени 110.000 лажни ковид-сертификати

Објавено на

часот

Сподели

„Имаше повеќе од сто апсења во 400 истраги што беа отворени откако ковид-сертификатот стана задолжителен летово на одредени места“, рече Дарманин за телевизијата Франс 2.

Апсењата се однесуваат и на корисниците на лажните ковид-сертификати и на мрежата што ги продава, објаснија изворите.

„Проблемот со лажните потврди е што тие често се издаваат во соработка со лекари или медицински сестри“, рече министерот, велејќи дека тоа е „тешко да се докаже“.

„Затворски казни се веќе изречени, пред сè за корисниците на сертификатите“, рече Дарманин, додавајќи дека казните можат да бидат и до пет години. Но, тој додаде дека се залага за прекин на истрагите против оние кои имаат лажен сертификат, но се подготвени да се усогласат со правилата.

Според најновите податоци, повеќе од 3.000 пациенти се на одделенијата за интензивна нега низ Франција, а бројот би можел да достигне и 4.000 за време на божиќните и новогодишните празници, предупреди претходно портпаролот на француската влада Габриел Атал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ