четврток, 23 април 2026

Во Франција, околу 240.000 луѓе на улица против санитарната пропусница

Објавено на

часот

Сподели

Протестите се организирани четврта сабота по ред, и покрај апелот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, граѓаните да примат вакцина против коронавирус.

Речиси 66 проценти од француското население примило барем една доза од вакцината против коронавирус, од кој во земјата починале повеќе од 112.000 луѓе.

Околу 17.000 луѓе се собраа во саботата во Париз, извикувајќи „Не ја сакаме Макроновата пропусница“ и „Макрон да ја затвори муцката“.

Протести се организирани во Лил, Тулон, Бордо, Нант, Колмар, Марсеј, Тулуз и Перпињан.

Околу 204.000 луѓе присуствувале на протестот минатата сабота, 161.000 една недела порано, а 110.000 првата сабота.

Санитарната пропусница, што подразбира доказ за вакцинација, прележана болест или негативен тест за коронавирус, е задолжителна од 21 јули за влез во културни институции, како што се музеи, театри или кина, и во кои нема повеќе од 50 луѓе.

Од понеделник, пропусницата е задолжителна за ресторани, барови и подолги патувања со автобус, воз и авион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ