четврток, 7 мај 2026

Во експлозија на гас на Сицилија срушени 3 згради, меѓу исчезнатите две деца и една трудница (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Од урнатините е извлечено тело, две жени се спасени, а осум лица се водат како исчезнати, соопшти сицилијанската Цивилна заштита (ДРПЦ) во неделата нешто пред 5 часот наутро.

„Поголем број згради се урнаа по експлозијата во саботата околу 20:30 часот во Равануса, околу 110 километри југоисточно од Палермо“, соопшти ДРПЦ.

Според новинската агенција АНСА, три згради се урнале, а уште три биле оштетени.

АНСА ги цитираше пожарникарите дека истекувањето гас било „многу значајно“ и почнало под земја.

„Експлозијата можеби е предизвикана од активирањето на лифтот“, изјави за агенцијата Џузепе Мерендино од противпожарната бригада на Агриџенто.

„Ќе истражуваме дополнително во наредните денови, но сигурно е дека ваква експлозија е исклучителен настан“, објасни тој.

Една жена е спасена од зградата. Таа се здобила со полесни повреди и била пренесена во болница, каде и биле констатирани скршеници, соопшти брзата помош.

Друга жена, која рекла дека ѝ е сестра, била извлечена од урнатините неколку часа подоцна, рече Салво Коцина, командант на ДРПЦ Сицилија.

Новинската агенција АНСА ја цитираше цивилната заштита дека меѓу исчезнатите се две деца и една трудница која требало да се породи во среда.

На местото на несреќата се наоѓаат цивилна заштита, пожарникари и кучиња трагачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ