сабота, 2 мај 2026

Во близина на руската амбасада во Кабул ликвидирани пет терористи од ИСИС

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска попладне слушнавме рафална стрелба од еден стан во квартот каде што се наоѓа комплексот амбасади. Талибанците убија пет милитанти на Исламска држава и уште тројца се предадоа“, рече портпаролот, пренесува ТАСС.

„Ова веројатно е поврзано со вчерашниот терористички напад во близина на џамија кога беа убиени околу 20 луѓе“, додаде тој.

Талибанските владини сили уништија една ќелија на Исламска држава на северот на Кабул, изјави портпаролот на талибанците, откако по експлозијата пред џамијата во Кабул загинаа и беа ранети поголем број цивили.

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид изјави дека специјална талибанска единица изведе операција против елементите на ИСИС во 17-тиот округ на Кабул, на северот на градот доцна во неделата, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Базата на ИСИС е целосно уништена и сите припадници на ИСИС во неа се убиени како резултат на овој решителен и успешен напад“, напиша портпаролот на Твитер.

Претходно локалните медиуми известија за тешки судири во тоа подрачје, а жителите потврдија дека чуле експлозии и пукотници во текот на ноќта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ