Момчето го забележал хеликоптер денес претпладне, речиси 72 часа откако последен пат било видено на руралниот имот во Пати, околу 110 километри северозападно од Сиднеј, соопшти полицијата.
Повторно е со своето семејство, а го прегледале и лекари на итната помош, наведено е во соопштението.
Полицијата објави снимка од момчето како пие вода од поток.
A three-year-old child missing on a rural property in the Hunter region since Friday has been located following a large-scale search.https://t.co/VrlVwL4sYW pic.twitter.com/byOXFCiD1j
— NSW Police Force (@nswpolice) September 6, 2021
„Ова е добра новинарска приказна“, кажа полициската инспекторка Трејси Чепмен, додавајќи дека фактот што се наоѓал толку блиску до вода на момчето „потенцијално му пружил можност за преживување“.
Кога исчезнало, почнала голема спасувачка акција во која учествувале полицајци на мотори, кучиња, полицајци на коњи, нуркачи и полициски хеликоптери, како и стотици волонтери на службата за вонредни ситуации.
Локалните медиуми јавија дека момчето, кое има аутизам и не зборува, преживеало три ноќи само во грмушки на температури кои паѓале на 2 Целзиусови степени.
„Исфрлан е од пелената, го изгризале мравки, паѓа, но жив е“, кажа неговиот татко за медиумите.






