сабота, 2 мај 2026

Властите во Тунис затворија ТВ поради песна против диктатурата

Објавено на

часот

Сподели

Водителот на емисијата на ТВ Зитуна, Амер Ајад, уапсен е и е обвинет за „поткопување на безбедноста на Тунис”.

ТВ Зитуна, приватна происламска телевизија, ја критикувала одлуката на претседателот Каис Сајед за суспензија на парламентот и за воспоставување речиси целосна контрола врз државата.

Ајад за време на програмата ја прочитал песната „Владетел” на ирачкиот поет Ахмед Матар, кој е познат по своите сатирични и критички песни за диктаторите од арапскиот свет.

Водителот Ајад набрзо бил уапсен, а ТВ Зитуна затворена со официјално образложение дека програмата е емитувана илегално.

Апсењето на водителот Амер Ајад е најново во низата апсења на новинари и доскорашни пратеници што им се спротивставиле на одлуките на претседателот Сајед.

ТВ Зитуна на својот ФБ-профил објави дека туниските сили за безбедност упаднаа  во студијата на телевизијата и почнаа да ја уништуваат опремата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ