сабота, 2 мај 2026

Властите во Еквадор конечно ја вратија контролата над „затворот на смртта“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Успешната акција на полицијата и војската, со околу 3.600 припадници, почна откако изби насилство во затворот Пенитенсијарија дел Литорал во градот Гвајакил во вторникот, потсетува Ројтерс.

Минатонеделното затворско насилство е најлошото во историјата на оваа јужноамериканска земја.

Еквадор се соочува со бран насилство во своите затвори, во кои казни служат околу 39.000 луѓе.

Во февруари беа убиени 79 луѓе и 22 во јули, исто така во затворски немири.

[video:https://youtu.be/KrIBgHENmkE autoplay:0]

Претседателот Гилјермо Ласо прогласи вонредна состојба во затворите во средата, со што им отвори простор на безбедносните сили да го прекинат насилството.

Министерката за полиција Александра Вела за насилството ги обвини територијалните пресметки на ривалските банди. Таа побара од судските власти итна истрага, за да се казнат одговорните за злосторствата.

„Одговорните за масакрот во Пенитенсијарија дел Литорал мора да бидат истражени и казнети“, кажа Вела.

[video:https://youtu.be/lrNJlp5cHA0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ