среда, 6 мај 2026

Владата на Косово нуди 20.000 евра за убиецот од автобусот

Објавено на

часот

Сподели

Владата соопшти дека полицијата е ангажирана со сите релевантни единици во истрагата за расветлување на убиството во најкраток можен рој, јавува Коссев.

„Полицијата работи на собирање и анализа на сите релевантни факти и докази за овој случај што побрзо да се расветли и што побрзо да се приведе пред правдата извршителот на ова кривично дело“, наведе косовската влада и додаде дека бара помош од граѓаните, односно сите кои имаат информации кои би довеле до решавање на случајот.

„Апелираме до граѓаните кои можеби имаат некакви сознанија за случајот да ѝ помогнат на полицијата да го најде извршителот на ова дело и за тоа нудиме награда од 20.000 евра за секој граѓанин кој може да пружи информации кои ќе доведат до расветлување или откривање на овој случај“, се наведува во соопштението.

Косовскиот премиер Аљбин Курти кажа дека има сè повеќе информации за убиството во Глоѓане, но дека сè уште не е познат осомничениот.

Курти денес присуствуваше на погребот на убиените ученици. Во нападот на автобусот во местото Глоѓане кај Дечани, во петокот вечерта беа убиени двајца ученици и возачот на автобусот.

„Има сè повеќе информации, но ни по 48 часа сè уште го немаме решението. Осомничен во моментов немаме. Има сè повеќе информации од истрагата која е во тек, и од лице место, особено од изјави на сведоците. Но немаме конкретни имиња“, кажа Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ