четврток, 23 април 2026

Вицепремиерот на Полска: Ќе го распуштиме спорниот Дисциплински совет

Објавено на

часот

Сподели

Европската комисија и даде рок на Полска до 16 август да го распушти Дисциплинскиот совет, за кој ЕУ тврди дека не ја гарантира независноста на судството и ги поткопува законите на блокот од 27 членки.

„Ќе го распуштиме Дисциплинскиот совет што во моментов работи и така ќе исчезне предметот на спорот“, рече Качински.

Полска се соочува со казни или губење на дел од средствата на Европскиот фонд за развој доколку ова прашање не се реши. Но, Качински рече дека реформите на правосудството, вклучително и предлогот за реформа на Советот, се веќе планирани и ја отфрли одлуката на највисокиот суд на ЕУ.

„Не ги признавам таквите пресуди затоа што јасно ги надминуваат Договорите и ја прошируваат надлежноста на судовите на ЕУ“, нагласи тој. Владата ќе ги претстави своите први предлози за реформа на Дисциплинскиот совет во септември.

Претседателот на полскиот Врховен суд делумно ги суспендираше активностите на Дисциплинскиот совет, објаснувајќи дека нови предмети нема да му бидат доделени на Советот додека не се воведат законски измени или Судот на ЕУ не донесе конечна пресуда за ова прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ