четврток, 7 мај 2026

Вереницата на основачот на Викиликс: Асанж доживеа мозочен удар во затвор

Објавено на

часот

Сподели

На Асанж му беше дијагностициран транзиторен исхемичен напад по едно од неговите појавувања пред Високиот суд во октомври, изјави Морис за Дејли Мејл.

Мини мозочен удар, или скратено ТИА често се гледа како предупредувачки знак за можен голем мозочен удар во иднина и бара медицинска помош. Асанж оттогаш направил магнетна резонанца и сега наводно зема лекови против мозочен удар.

Британскиот суд го одобри барањето на САД за екстрадиција на Асанж, барање кое претходно беше блокирано поради влошеното ментално здравје на Асанж. Иако пресудата не е конечна и може да биде обжалена од страна на правниот тим на Асанж, таа го носи поранешниот шеф на Викиликс еден чекор поблиску до судење на територијата на САД, каде што се соочува со можни 175 години зад решетки доколку биде осуден за шпионажа.

„Џулијан се мачи и се плашам дека овој мини удар може да биде претходник на поголем напад. Тоа ги зголемува нашите стравови за неговата способност да ја преживее оваа правна битка што се одолговлекува“, рече Морис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ