недела, 9 ноември 2025

Венс: Примирјето во Газа е сè уште на сила и покрај судирите

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс синоќа изјави дека примирјето во Појасот Газа останува на сила, и покрај смртоносните напади што ги изведе Израел како одговор, според израелската влада, на нападите врз своите војници на палестинската територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Примирјето се одржува. Тоа не значи дека нема да има помали судири“, изјави потпретседателот за новинарите во Вашингтон.

„Знаеме дека Хамас или некој друг во Газа нападнал војник“ на израелските вооружени сили, „но мислам дека мирот под покровителство на претседателот (САД Доналд) Трамп ќе се одржи“, додаде Венс.

Според најновиот биланс, 11 лица се убиени во Појасот Газа.

Хамас синоќа негираше вмешаност во нападот врз израелските војници во Појасот Газа, откако Израел го обвини палестинското исламистичко движење дека ги таргетира неговите сили.

„Хамас потврдува дека нема никаква врска со пукањето во Рафа“, во јужниот дел на Појасот Газа, „и ја потврдува својата посветеност на договорот за примирје“ со Израел, кој стапи на сила на 10 октомври, се вели во соопштението.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно се осврна на нападот на Хамас врз израелските сили, без да ја прецизира локацијата на инцидентот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да изврши итни напади врз Појасот Газа, откако го обвини Хамас за кршење на договорот за прекин на огнот.

Ова дојде откако Израел го обвини Хамас за кршење на договорот за прекин на огнот откако палестинското исламистичко движење Хамас ги врати останките на еден заложник, од кои дел веќе беа пронајдени од израелската армија. Ова предизвика незадоволство кај семејствата на заложниците и кај властите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ