четврток, 16 април 2026

Велика Британија планира да ја укине самоизолацијата за оние кои примиле две дози

Објавено на

часот

Сподели

 „Го тестираме пристапот, доколку сте примиле две дози на вакцина, да бидете тестирани наместо да бидете изолирани по контакт со заразено лице“, изјави Ханкок за Би-би-си.

„Го тестираме тоа за да ја провериме ефективноста на пристапот. Тоа е нешто на што работиме, но сè уште не сме подготвени да преземеме чекори“.

Во Велика Британија во последните недели продолжува трендот на раст на заразата предизвикан од ширењето на делта варијантата на коронавирусот, првпат откриен во Индија.

За време на викендот се одржа кампања за масовна вакцинација во Лондон.

Владата работи на забрзување на веќе добро утврдената програма за вакцинација за да се ограничи ширењето и влијанието на делта варијантата.

Во неделата, соопшти дека 81,6 проценти од возрасната популација ја примиле првата доза на вакцина, а 59,5 проценти биле целосно вакцинирани.

Премиерот Борис Џонсон минатата недела рече дека рестартирањето на економијата, т.е. укинување на затворањето, што требаше да стапи на сила во понеделник, е одложено за 19 јули со цел да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе и да се намали ризикот од преоптоварување на здравствениот систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ