понеделник, 4 мај 2026

Ватикан ненадејно го откажа преносот на средбата меѓу Бајден и папата

Објавено на

часот

Сподели

Ватиканската прес-служба не даде објаснување зошто директниот пренос на посетата на Бајден ненадејно е одложен и зошто е решено дека ќе се стримува само моментот кога ќе стигне колоната на американскиот претседател, пренесува агенцијата АП.

Од Ватикан соопштија дека снимката од оваа средба ќе им биде дополнително доставена на акредитираните медиуми.

На Бајден, кој е втор претседател-католик во историјата на САД, ова му е трета средба со папата Франциско, но прва откако ја презеде функцијата претседател на државата.

Средбата ќе се одржи утре.

Инаку, како што наведува АП, Ватикан со години секогаш ги пренесуваше во живо посетите на светските лидери, а тоа беше планот и за в петок, при средбата на папата Франциско и на претседателот Бајден.

Овие преноси се мошне важни зашто Ватикан, од почетокот на пандемијата на коронавирусот, не им дозволува на независните фотографи и на новинарите да ги следат аудиенциите.

Ватикан коронавирусот и понатаму го користи како изговор да им оневозможи на медиумите да ги снимаат средбите на папата со лидерите на државите, но им дозволува да ги снимаат другите настани во кои учествува папата.

Овие моменти се мошне важни зашто токму тогаш новинарите можат да видат какви подароци се разменети, што им порачале едните на другите, како и да протолкуваат дали состанокот поминал добро или лошо.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки кажа дека „администрацијата прави сѐ за да се добие поголем пристап”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ