Приговорот за кој прв јави весникот Кориера дела сера, а го потврди ватикански функционер, го поднел на 17 јуни ватиканскиот министер за надворешни работи до италијанската амбасада во Светиот престол.
Несогласувањата настанаа околу таканаречениот Занов закон, кој го добил името по Алесандро Зано, геј пратеник на Демократската партија.
Нацрт законот е усвоен во Претставничкиот дом, а во моментов за него се расправа во Сенатот.
Ватикан смета дека сегашната форма на законот не го почитува Лутеранскиот пакт од 1929 со кој Ватикан е воспоставен како суверена држава и со кој се воспоставени односите меѓу него и Италија.
Ватикан стравува дека сегашниот текст на законот може да доведе до криминализација на Црквата во Италија поради неприфаќањето на истополовите бракови или забраната за посвојување деца на хомосексуални двојки, соопшти ватиканскиот извор.
Иако Ватикан често ја осудува дискриминацијата и насилството врз хомосексуалците, загрижен е околу која било родова теорија која би ги заматила или отстранила разликите меѓу мажите и жените.
Матео Салвини, лидерот на крајно десната партија Лига, го поздрави потегот на Ватикан: „Ние сме против цензура и осуда на оние кои веруваат дека мајката, таткото и семејството се темелот на нашето општество“, изјави тој.






