петок, 24 април 2026

„Вака изгледа очајот“ Не се откажуваат од аеродромот и покрај четврточниот масакр (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Гај Илстрен, новинар на Вејл њуз, на својот твитер-профил објави видео снимено утрото по нападот, на кое се гледаат маса луѓе што го „преплавија“ аеродромот.

„Вака изгледа очајот. Толпи луѓе кај аеродромот во Кабул утрово, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат на нови напади“, напиша тој во описот на објавата.

Во овие напади загинаа најмалку 90 луѓе. Меѓу жртвите има 13 американски војници, но и многу деца. Според последните информации, повредени се најмалку 140 Авганистанци и 18 американски војници. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

Најмалку шест експлозии се случија на аеродромот. Првите две експлозии на влезот на аеродромот беа најсмртоносните, проследени со експлозија на околу три километри од аеродромот, а потоа и уште најмалку три.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ