среда, 22 април 2026

Украина започна заеднички воени вежби со САД, Полска и Литванија

Објавено на

часот

Сподели

На западот на Украина, во близина на границата со Полска, 1.200 војници со 200 борбени возила учествуваат во вежбата „Три мечеви 2021“ до 30 јули.

Вежбата е дел од регионалната програма за воена соработка меѓу Украина, Полска и Литванија, кои во 2014 година формираа заедничка бригада со 2.600 Полјаци, 570 Литванци и 340 Украинци.

Во последните месеци Украина беше домаќин на две вежби со војските на земјите на НАТО, на југот на земјата и на Црното Море.

Русија, исто така, спроведе неколку воени вежби во последните месеци, особено во Црното Море.

Односите меѓу Киев и Москва се затегнати од 2014 година поради руската анексија на полуостровот Крим и конфликтот меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источна Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ