Иницијативата за законот беше на претседателот на Украина Володимир Зеленски, а на вчерашната вонредна седница го подржаа 326 пратеници на украинскиот парламент и ќе стапи на сила откако ќе го потпише претседателот, пренесува ТАСС.
Со законот се дефинираат правата на автохтоните народи и етнички заедници кои настанале на територијата на Украина, кои имаат свои оригинални јазик и култура, традиционални, социјални, културни и претставнички органи, се доживуваат себеси како изворен народ на Украина, претставуваат етничко малцинство во рамки на населението на земјата, а немаат сопствена држава надвор од Украина.
Според оваа дефиниција на законот, на Крим ваков статус имаат кримските Татари, Караими и Кримчаци, додека Русите не може да се сметаат за автохтон народ во Украина.
Иницијативата на украинскиот претседател и предлог законот наидоа на широки критики во Русија, а како што наведе заменик претседателот на Државната дума на Русија Петар Толстој, тој „брише од историјата“ 20 милиони Руси.
Руската православна црква порача дека таквата одлука може да ја поткопа стабилноста и интегритетот на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинскиот закон не е во согласност со нормите на меѓународното хуманитарно право и дека нанесува сериозна штета на рускиот народ, а дека неговите последици можат да се споредат со оние кои ги остава оружјето за масовно уништување.






