Според условите на долгорочниот гасен договор склучен со Будимпешта, кој денес стапи на сила. Газпром повеќе нема да ѝ испорачува гас на Унгарија преку Украина, туку преку Србија и Австрија.
Тоа на Украина ѝ ги кастри приходите од транзитната такса и тоа значи дека повеќе не може по реверзибилен пат да увезува гас преку Унгарија, што го правеше од 2015 како начин да не купува гас директно од Русија.
Односите на Киев со Москва се во криза од припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година.
Јуриј Витренко, шефот на украински Нафтогаз, ги повика Вашингтон и Берлин да ги почитуваат, како што наведе, ветувањата за решително реагирање кон Москва, дадени во рамки на договорот за надминување на спротивните ставови на САД и Германија за гасоводот Северен тек 2.
„Кремљ ова го прави намерно. Тоа не е ни тропање со оружје, туку очигледно користење на гасот како оружје“, напиша Витренко на Фејсбук.
Додаде дека во заедничкото соопштение на Соединетите Американски Држави и Германија се наведува дека, во случај Кремљ да го инструментализира гасот како оружено средство, Москва ќе наиде на решителен одговор, алудирајќи на договорот на двете земји за Северен тек 2 постигнат во јули.
„Сега чекаме воведување 100-отстотни санкции на подружницата на Газпром, операторот на Северен тек 2“, напиша Витренко.






