среда, 29 април 2026

Учителка во Словенија добила отказ бидејќи не сакала да се вакцинира ни да се тестира

Објавено на

часот

Сподели

Словенечките медиуми јавуваат дека на учителката од почетокот на школската година ѝ било привремено забрането работењето бидејќи одбивала неделно да се тестира и да носи маска во училница, според обврзувачките насоки на министерството за образование, а сега ѝ бил врачен отказ. Таа има право да се жали за прекинувањето на работниот однос во рок од две недели.

Медиумите пренесуваат дека учителката активно дејствувала во антиваксерската група која неодамна упадна во студио на државната телевизија, барајќи да се престане со пропагандата на владината кампања за вакцинирање, а во видео на Фејсбук ги наговарала родителите да не ги праќаат децата во режимско и фашистичко училиште.

Директорката на училиштето изјави дека отказот ѝ бил врачен поради кршење на работните обврски бидејќи одбивала да носи маска на работното место и не го исполнувала таканаречениот ПВТ услов – преболен, вакциниран, тестиран, кој важи за вработените во училиштата.

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар кажа дека ПВТ условот кој со рестрикциите го одреди владата веќе дава резултат бидејќи во последните денови бројот на новозаразени е во стагнација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ