четврток, 7 мај 2026

Убиецот на Џорџ Флојд се изјасни за виновен

Објавено на

часот

Сподели

На 45-годишниот Човин му се заканува максимална казна доживотен затвор, иако обвинителите би можеле да бараат полесна казна бидејќи ја призна вината.

Човин на државен суд веќе е осуден на 22 и пол години затвор за убиството на Флојд во 2020 година.

Флојд почина за време на апсењето бидејќи Човин девет минути му клечел на вратот, што е снимено со мобилен телефон од страна на случаен минувач.

Ова го шокираше целиот свет и предизвика едно од најголемите протестни движења во САД во последните децении.

Човин и уште тројца полицајци, Томас Лејн, Џ. Александар Куенг и Ту Тао, го уапсија Флојд под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари.

Лејн, Куенг и Тао се обвинети пред државниот суд за помагање во неговото убиство и нивното судење треба да започне во март.

Освен на државно ниво, сите четворица се обвинети и на сојузно ниво дека му ги ускратиле граѓанските права на Флојд бидејќи не му пружиле медицинска помош.

Човин е обвинет и на сојузно ниво дека го прекршил правото на Флојд да не биде неоправдано притворен со употреба на прекумерна сила. Тао и Куенг се обвинети на сојузно ниво дека го прекршиле правото на Флојд да не биде неоправдано притворен со тоа што не интервенирале и не го отстраниле Човин додека му клечел на вратот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ