Во соопштението на полицијата се наведува дека Фицо бил уапсен синоќа непосредно пред планираните демонстрации во центарот на Братислава.
На крајот на ноември владата усвои строги епидемиолошки мерки, а меѓу другото е забрането секакво собирање на повеќе од шест лица.
Фицо минатата година изгуби на парламентарните избори и од тогаш ја критикува владата поради строгите епидемиолошки мерки кои ги усвојува, а е еден од најгласните противници на вакцинацијата.
Побара да се распише референдум на кој граѓаните би се изјасниле дали треба да се организираат вонредни избори, што со петиција го поддржаа 585.000 граѓани, но уставниот суд одлучи дека тоа не е во согласност со уставот.






