Тие се осомничени за кривични дела „злоупотреба на овластувања во стопанството“ и „перење пари“, пренесува подгорички Вијести.
Според досега собраните докази Брковиќ, кој е кум на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, како и Поповиќ се осомничени дека преку компании во нивна сопственост за време на приватизацијата и реорганизацијата извршиле бројни малверзации, со штета од повеќе милиони евра.
Брковиќ е познат како „крал на стечаите“. Тој во ерата на приватизацијата стекнал бизнис империја – земал стотици милиони евра кредити и зазел стотици илјади квадрати земјиште, десетици илјади квадрати станбен и деловен простор, како и на повеќе државни фирми.






