четврток, 23 април 2026

Уапсен естонскиот конзул во Русија, „добил тајни документи“

Објавено на

часот

Сподели

„ФСБ го фати на дело Март Лате, естонски дипломат и конзул во Санкт Петербург, додека добиваше тајни документи од руски државјанин“, соопшти ФСБ.

„Ова не е во согласност со дипломатскиот статус и е очигледно непријателство кон Русија. Ќе бидат преземени мерки против странскиот дипломат во согласност со меѓународното право“, се додава во соопштението.

Ова е најновиот во низата шпионски скандали меѓу Москва и Западот во последните неколку години, кои ја следат ескалацијата на тензиите по руската анексија на Крим во 2014 година.

Во април украинскиот конзул во Санкт Петербург Александар Сосониук беше уапсен зашто се обидел да добие тајни информации и беше замолен да ја напушти руската територија. Русија е обвинета за повеќекратни шпионски скандали во неколку европски земји, што доведе до меѓусебно протерување на дипломатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ