среда, 22 април 2026

Канадскиот премиер до Трамп: Нема да ни диктирате услови

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Вашингтон не ги поставува условите во тековните трговски разговори, отфрлајќи ги тврдењата дека Канада мора да направи отстапки за да обезбеди место на преговарачката маса. Карни нагласи дека двете страни работат на решавање на „трговските тензии“ пред повторното преговарање за Договорот Канада-САД-Мексико (КУСМА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не станува збор за тоа Соединетите Американски Држави да ги диктираат условите“, изјави Карни пред новинарите во Отава пред состанокот на клубот на пратеници на либералите. „Преговорите се пред нас и можеме да постигнеме заемно корисен исход. Ќе биде потребно време, а ние ќе одвоиме онолку време колку што е потребно“, додаде тој.

Карни кажа дека двете земји ги идентификувале спорните областите пред очекуваните разговори за договорот КУСМА, истакнувајќи дека постојат такви прашања од двете страни. „Јасно ни е што Американците сметаат за спорни точки во трговијата. И ние ги имаме на наша страна. Добро сме подготвени за тие прашања“, кажа тој.

Тој истакна и дека Канада презентирала „одредени контрапредлози“ со кои американската страна е запознаена. „Ќе дојде време навистина да ги засукаме ракавите“, оцени тој.

Од друга страна, Канадската телевизија Си-би-си во својот извештај наведува, повикувајќи се на неколку извори запознаени со разговорите, дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара низа отстапки од Отава дури и пред да почнат формалните преговори.

Поранешниот премиер на Квебек Жан Шарест, кој беше назначен во советодавниот комитет на Карни за економска соработка меѓу Канада и САД во вторникот, исто така изјави за Си-би-ес дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да направиме голем број отстапки пред дури и да седнеме на маса“.

Канадски извори потврдија за истиот медиум дека Отава веќе понудила отстапки на Вашингтон во два наврати, без да добие ништо за возврат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ